Земјотрес од 4,2 Рихтерови степени ја погоди западна Бугарија

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран минатата ноќ во западна Бугарија, објави Европскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил околу седум километри северно од градот Копривштица.
Земјотресот бил почувствуван во градови Пловдив и Стара Загора, а засега нема податоци за материјални штети.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели