Земјотрес со јачина од 3,3 степени во Дојран

Земјтрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Дојран, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, денес, 5 јануари, во 4 часот и 6 минути регистрира земјотрес кој потекнува од дојранското епицентрално подрачје со интензитет 3 според Европската макросеизмичка скала“, се вели во соопштението.

На 2 јануари во 5 часот и 24 минути на 10 километри источно од Дојран беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели