Земјоделците да ги користат бенефитите од окрупнувањето на земјиштето

 

 

Министерството за земјоделство денеска во Битола  ја  одржа втората  регионална работилница за консолидација на земјиште во Битола . Целта е да се зголеми свеста кај населението за оваа постапка и да се појасни кои се придобивките од реализацијата на овој проект.   За консолидацијата на земјиштето планирано е да се потрошат 2,5 милиони евра. Проектот  е  финансиран од Европската Унија а го спроведува  ФАО,  Организацијата за храна и земјоделство  на Обединетите Нации.

 

На втората по ред Регионална работилница за подигнување на свеста за консолидација  на земјиште во Битола  што денеска се одржа во Битола  присуствуваа земјоделци, локални земјоделски организации како и претставници од  локалната самоуправа и важни партнери од пелагонискиот регион. Целта на работилницата е да се зголеми локалната свеста за разбирање  за придобивките  од консолидацијата на земјоделско земјиште за земјоделците  и сопствениците  на земјоделско земјиште.

Присутните имаа можност да се информираат повеќе  за претстојната селекција  на најпогодни области за консолидација на земјиште и како да изразат интерес  за овој проект.

Консолидацијата на земјиштето е долготраен процес и овозможува зголемување на ефикасноста на земјоделското производство изјави Наташа Љубецкиј Ангелиќ заменик тим лидер на ФАО во проектот MAINLAND.

Консолидацијата е комплексен процес и токму овој процес треба да ги мотивира земјоделците да ги решаваат имотно правните проблеми со земјиштето кои се присутни на целата територија.

Битолското село Егри е едно од селата вклучени во пилот проектот , каде се консолидираат 330 ха земјоделско земјиште. Веќе една година се спроведува консолидацијата и сметаме дека ќе успееме, вели Славе Стефановски земјоделец од с Егри.

Проектот е финансиран од Европската Унија „Воведување  на Национална Програма  за Консолидација за Земјиште„ или MAINLAND, а го спроведува Организацијата за храна  и земјоделство ФАО од ОН. Буџетот на проектот  изнесува 2,56 милиони евра и е финансиран од ИПА фондовите на ЕУ.

Главната цел е да се реши расцепканоста на земјиштето, да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство  и да се подобрат условите за живот  во руралните средини  со одржливо  користење на природните ресурси.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели