Зајакната безбедност во Атина поради утрешната посета на Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган утре ќе престојува во Грција каде што се очекува дека со грчките власти ќе разговара за мигрантската криза, регионалните односи и енергетиката. Тој треба да се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас, претседателот Прокопис Павлопулос, како и со членови на муслиманското малцинство во североисточниот дел на Грција.
За време на престојот на Ердоган во Грција ќе има засилени мерки за безбедност, а грчките власти соопштија дека ќе бидат забранети и демонстрации во центарот на Атина.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели