Заев: Законот за јазици согласно Уставот, нема да има двојазичност на сите институции

Законот за јазиците е согласно Уставот и со него ќе се унапредат некои практични потреби на граѓаните кои досега не им биле овозможени, изјави премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарски прашања.
Тој посочи деканема да има двојазичност на сите институции на територијата на Република Македонија.
„Законот за јазиците е согласно Уставот. Онаму каде што има практична потреба и Уставот тоа го дозволува, така и ќе се реализира законот. Преку него гледам отстранување на некои потреби кои досега биле присутни кај граѓаните, а не биле овозможени. Тоа е унапредување на употребата на јазиците во РМ и секако, како што постојат ансамбли, без да се зголемуваат буџетските средства, само ќе биде дефиниран правно-формално ансамблот за културата на албанските граѓани“, истакна Заев.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели