Заев најави можност за намалување на бројот на вработени во владиниот пи-ар

Во моментов во ПР службата на Владата се ангажирани 39 лица, со можност и да се намалат, изјави Зоран Заев на новинарско прашање по потпишувањето на договорите за млади земјоделци пред МЗШВ.
„Водиме сметка за домаќинско работење, гледаме со минимум ресурси да го испорачаме пред граѓаните сето она што треба. Никојпат нема да зборавиме дека транспарентноста е важна работа. Залудно е се што работиме, ако граѓаните за тоа не знаат. Верувајте дека тоа се мнинимум ресурси што ни требаат за асистирање, за се што е општествена и владина одговорност пред граѓаните, за да допре до граѓаните“, истакна Заев.
Додаде дека Владата ги почитува препораките на Брисел, откако Брисел предупреди да се внимава на Секторот за односи со јавност.
„Макфакс“ претходно објави дека во Владата и министерствата во моментот најмалку 120 луѓе работат односи со јавност (ПР) и комуникации. Платите и хонорарите на вработените што работат односи со јавност во Владата и министерствата ги чинат граѓаните најмалку 690 илјади евра годишно, покажуваат податоците за 2016.
Повеќе детали за првиот дел од сторијата на следниот линк.
Макфакс денеска во вториот дел од истражувањето објави дека најмалку 40 лица работат на односи со јавност и комуникации во Владата. 13 лица се таму од претходната гарнитура, додека годинава во Владата во Секторот за односи со јавност дополнително биле ангажирани 25 лица, како и 1 портпарол, и 1 посебен советник за односи со јавност во кабинетот на Претседателот на Влада.
 
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели