Заев испрати телеграма со сочуство за жртвите во Тексас

Претседателот на Владата на Република Македонија, во негово име, и во име на Владата на Република Македонија испрати телеграма со сочувство по повод трагичниот настан во Садрленд Спрингс, во државата Тексас, САД.
Во телеграмата се вели:
„До народот на САД и до Претседателот Трамп,
Длабоко не погоди безумниот чин за време на верска служба во Садрленд Спрингс, во државата Тексас.
Дозволете ми во мое име, и во името на Владата на Република Македонија, да изразам најискрено сочувство со семејствата на жртвите и со американскиот народ за трагедијата.“

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели