Заев: До крајот на месецот би требало да одлучиме кој ќе биде новиот министер за здравство

Сѐ уште не се знае кој ќе ја презеде функцијата министер за здравство, но се очекува оваа одлука да биде донесена до крајот на месецот.
Премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во врска со назначувањето на нов Министер за здравство истакна дека преговорите се одвиваат интензивно.
„Се работи за многу сериозен ресор. Реков дека до крајот на месецот ќе гледаме да ги донесеме одлуките. Десет дена откако се официјално прогласени изборите за завршени, интензивно преговараме. Секој момент го користам, час поскоро или ден поскоро да го избереме и ова министерско место и да го пополнме испразнетото министерско место за странски инвестиции, како и заменик министерот кој стана градоначалник на Чаир“, рече Заев.
Министеското место во министерството за здравство е празно откако Министерот Арбен Таравари се повлече од функцијата и и се посвети на кампањата за локалните избори. Неодамна Зијадин Села изјави дека доставиле предлог за нов министер за здравство, а непосредно по изјавата започна да се шпекулира името на Вулнет Ферати од Тетово.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели