Вооружен напаѓач со нож рани новинарка во руско радио

Вооружен маж со нож упаднал во канцеларија на руското радио „Ехо Москва“ во руската престолнина и ја повредил новинарката Татјана Фелгенгауер во вратот, соопшти руското радио на својата веб страница.

Припадници на обезбедувањето го фатиле напаѓачот и ѝ го предале на полицијата. Новинарката веднаш биле пренесена во болница, а животот не ѝ е во опасност, пренесуваат руските медиуми.

Неименуван извор од полицијата, го потврдил нападот и рекол дека го испитуваат напаѓачотго утврдуваат мотивот за нападот, пренесе ТАС.

Извор – http://makfax.com.mk/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели