Водата во Струга е безбедна за пиење

Водата од градскиот водовод во Струга е безбедна за пиење, соопшти Центарот за јавно здравје – Охрид.
„Состојбата со квалитетот на водата за пиење од градскиот водовод во Струга и селата приклучени на градскиот водовод е нормализирана. Наодите од физичко-хемиската и микробиолошка анализа покажуваат дека водата за пиење од градскиот водовод во Струга и селата приклучени на градскиот водовод е здравствено безбедна за пиење“, соопшти ЦЈЗ-Охрид.
Од таму додаваат дека наодите се доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување.
Анализите кои беа вршени во текот на минатиот месец покажуваа дека водата од градскиот водовод е загадена.
Анализите од крајот на ноември покажуваа дека водата содржи доволно количество дезинфекционо средство (резидуум хлор), но матноста беше над законски дозволената и пропишана вредност.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели