Во земјотресот во Мексико загинаа најмалку 90 луѓе

Мексико Сити, 10 септември 2017 (МИА) – Бројот на жртвите во силниот земјотрес што во четвртокот го погоди Мексико се искачи на најмалку 90 луѓе, откако властите на јужната мексиканска држава Оахака соопштија дека само таму настрадале 71 лице.

Најмалку 15 луѓе загинаа во соседната држава Чијапас, а четири во државата Табаско, северно Мексико.

Спасувачките екипи во јужниот дел на Мексико се уште трагаат по преживеаните, а голем број од жителите во загрозените подрачја се плашат да се вратат во своите домови поради последователните земјотреси.

Земјотресот со интензитет од 8,1 степени според Рихтеровата скала, што во четвртокот го погоди Мексико, е еден од најсилните во последните 100 години. Посилене е дури и од земјотрес што го разори Мексико Сити во  1985 година.

Мексико се наоѓа на пет тектонски плочи, поради што земјотресите се честа појава. ми/09:14

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели