Во Западна Турција регистриран земјотрес со интензитет од 5,1 степен

Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во западниот дел на Турција во 0:49 часот по локално време, покажува извештај на интернет-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Епицентарот бил на 18 километри источно од градот Ула во азискиот дел на Турција и на 192 километри југоисточно од Измир.
Нема информации за жртви или причинета материјална штета.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели