Во прва фаза помина предлог-законот за зголемување на акцизата на нафтата

Во прва фаза, по скратена постапка Собранието го усвои предлог-законот за измени и дополнувања на законот за акцизи.
Со овој закон се предлага зголемување на висината на акцизата на дизел горивото кое се користи како погонско гориво и на екстра лесното масло за домаќинство што се користи како гориво за греење, за три денари.
Како што претходно беше соопштено зголемување на акцизата се предлага од 1 јануари 2018 година, а очекуваниот ефект во буџетот за наредната година изнесува 1,6 милијарди денари.
Зголемувањето на акцизата на нафта Владата го предложи како измена на даночната регулатива. Притоа, нагласи дека ефектите од оваа мерка се зголемување на буџетските приходи, усогласување со европските стандарди и регулативите на Европската Унија, како и заштита на животната средина, односно намалување на загадувањето.
В.М.
 
 
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели