Во Прилеп отворена изложбата-инсталација „Превдомување“

Синоќа во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата – инсталација насловена „Превдомување“ од прилепскиот уметник Јасмина Руневска.

Според Бисера Бендевска која ја отвори изложбата, преку изложбата- инсталација на Руневска имаме можност да ги погледнеме нашите одрази во сите предмети и да се вклучиме во нивните приказни отворени за допишување, за изменување, за присвојување, а и за отфрлање.

– Ова што вечерва е изложено ни припаѓа на сите што ќе го населиме овој дом, сите денови додека трае овој настан. Оттаму превдоменоста, оттаму несебичното споделување на авторството на нашиот домаќин. Домот е местото на нашата огледална проекција, што е утописки, зашто е референтна слика на идеалите за постигнување на вистински Дом. Домот не е исклучиво на поединецот, туку е феномен кој се подразбира по збирна множина, а во него предметите имаат парче од душата, рече Бендевска.

Руневска досега изложувала во Индија, Франција, Турција, Србија и во Македонија.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели