Во овој авион можете да летате со „отворен“ прозорец

Видеото што се појави на социјалната мрежа „Јутјуб“ со наслов „Треба ли да сум загрижен?”, го покрена на интернет прашањето за безбедноста на летовите на нискобуџетните компании.
Во придружниот текст на видеото се вели: „Се работи за нискобуџетна авиокомпанија (30 долари). Прозорецот беше целосно надвор од рамката. Мислев дека е интересно и го снимив ова со мобилен телефон.“

Патрик Смит, искусен пилот и вработен на интернет-страницата Askthepilot.com, вели дека нема никаква причина за загриженост бидејќи она што е разлабавено не е вистински прозорец.
„Тоа е само површинска рамка која го штити стаклото. Се согласувам дека изгледа срамно и непрофесионално, но не постојат ризици по безбедноста на авионот“, повтори Смит.
Со него се согласува и Даи Веидинг, извршен директор на британскиот Комитет за воздухопловна безбедност: „Тоа дефинитивно не е нешто што треба да ги загрижува патниците, туку само лабава рамка. Внатрешното стакло е таму за да го заштити главното стакло од гребење и сечење однатре, како и поради топлинска изолација. Надворешниот прозорец е прицврстен за трупот со запци, така што внатрешноста на воздухопловот може да биде под притисок. Значи оваа скршена рамка нема никакво влијание, освен што изгледа грдо.“
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели