ВМРО-ДПМНЕ: Законот за акцизи ќе се одрази на поскапување на јавниот превоз и такси превозниците

СДС во Собранието го изгласаа законот за поскапување на акцизата на дизелот за 3 денари. Со 47 гласа ЗА, СДС вчера одлучи директно да влијае врз осиромашувањето на граѓаните. Трошоците кај секое семејство, без разлика дали возат автомобил на дизел или патуваат со автобус, ќе се зголемат за плус една плата од 20.000 денари, плата која ќе им биде одземена на граѓаните. СДС со вчерашната одлука директно им стави рака во џеб на граѓаните, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.
„Ова ќе се одрази и на јавниот превоз, и на меѓуградскиот превоз, кој меѓудругото одредени меѓуградски линии веќе поскапи, и на такси превозниците, но ќе се одрази и на цените на прехранбените намирници, бидејќи земјоделците ќе бидат принудени од 1 јануари да плаќаат поскапа цена на нафтата“, изјави Костовски.
Според опозицијата, социјалдемократите се обидуваат да ги прикријат штетните економски политики преку Шилегов, кој, како што велат, објавува фотографии од веќе промовирани кабини.
 
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели