ВМРО-ДПМНЕ: ВИП купеата беа презентирани пред шест години со отворањето на жичарницата

Жичарницата на Водно е изградена и пуштена во употреба во јуни 2011 година, и вип кабините се ставени во употреба и презентирани уште пред 6 години и тое се достапни за граѓаните кои ќе изразат интерес, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на објавата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој денеска на својот профил на „Фејсбук“ објави фотографии од ВИП кабините.
„Шилегов треба да престане со неговата дрегер политика на манипулации кои нема да ги решат проблемите на Скопјани и да започне да работи она што е негова обврска. Нека ги засука ракавите и нека почне да работи она за што го плаќаат Скопјани“, велат од опозицијата.
 
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели