ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски е неспособен да го води МВР

Уште колку човечки животи треба да згаснат за Оливер Спасовски да сфати дека е неспособен да го води МВР. Уште колку крвави пресметки треба да се случат за Оливер Спасовски и СДС да престанат да ги штитат криминалните банди кои дивеат низ Скопје и државата. Скопје полека, но сигурно станува еден од најнебезбедните градови во Европа благодарение на Оливер Спасовски и неговите пријатели од криминалното подземје, изјави Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.
„Граѓаните се вознемирени бидејќи не знаат кога тие или некој близок може да станат жртва на мафијашките престрелки кои секојдневно се случуваат во Скопје. Наместо живот и слобода граѓаните станаа заробеници на сопствениот страв.
Во Чаир во петокот целата јавност беше сведок на уште една брутална ликвидација на среде улица. Убиено беше едно лице, а уште едно со тешки повреди беше префрлено во болница. Убиецот повторно е на слобода, а на слобода се и неговите помагачи и нарачателите на овој крвав чин. За партиската полиција на Спасовски сеуште не е познат ниту сторителот ниту оружјето од кое е пукано“, обвини опозицијата и додаде дека на слобода се и убијците на Мартин Јанушев.
Според Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, власта, на чело со МВР ги штити криминалците и убијците, па бараат од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да поснесе оставка.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели