ВМРО ДПМНЕ: СДСМ со масовни отпуштања во Битола

Сооштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола ви го пренесуваме интегрално

„За жал СДСМ дозволи осветољубието кон својот народ да биде предводник на нивното владеење и за време на новогодишните и божиќните празници. Овај пат „честитки“ во форма на отпуштања од работа, добија вработени од двете детски градинки и вработени од противпожарната единица во Битола. Станува збор за професионалци кои одговорно ги извршуваа своите работни задачи и обврски. Покрај тоа што СДСМ реши уште еднаш да си поигра со судбините на отпуштените, овој пат со овие отпушатња и во двете градинки во Битола имаме нарушување на воспитно-образовниот процес, а со десеткувањето на противпожарната единица, сериозно е нарушена безбедноста и сигурноста на граѓаните во Битола. Ако во 1836 год. при само формирање на противпожарната единица, истата стартува со 19 пожарникари, денес после отпуштањето на вработените во 2018 год. брои само 22 пожарникари. Почитувани од СДСМ Ако со вашиот слоган „подобар живот за сите“ мислевте токму на ова, тогаш сте на добар пат да го направите уште „подобар“.“ Се вели во соопштанието испратено од ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели