ВМРО-ДПМНЕ повторно протестираше пред Министерството за правда

ВМРО-ДПМНЕ вечерва повторно протестираше пред Министерството за правда поради притворањето на учениците во инцидетите во Собранието на 27 април годинава и ги повика сите да се придружат се додека не се спроведе вистинската правда.
„Ги повикуваме сите, сите добронамерни Македонци, да излезат на улица се додека не се спроведе вистинската правда и овие луѓе кои што на смешен начин се обвинети за тероризам, а сите претходно уапсени за случајот од 27-ми април. Цел народ треба да се дигне на нозе, јас тоа го чувствувам и за скоро време ќе биде така“, порача Дарко Костовски. Тој рече дека остануваат на улица се додека не победат, а како што кажа нивната победа е слобода за Македонија.
Учесниците на протестот, на кој присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, рекоа дека притворените мора да се пуштат на слобода и да не се гонат недолжните луѓе. авност.
Претходно во период од 15 до 17 часот ВМРО-ДПМНЕ ги блокираше крстосниците кај „Мавровка“, помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош и кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели