ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните секојдневно се соочуваат со еколошка бомба, институциите молчат

Граѓаните на Република Македонија секојдневно се соочуваат со еколошка бомба, а институциите молчат додека мерните станици секојдневно покажуваат опасно висока загаденост на воздухот со ПМ10 честички, велат од опозицијата преку соопштение испратено до јавноста.
„Последиците од загадениот воздух се повеќе ги чувствуваат граѓаните и ги плаќаат со своето здравје. Секој ден болниците низ државата се полнат со луѓе кои имаат респираторни заболувања.  Граѓаните се оставени сами на себе. Владата на СДС која е шест месеци на власт не презема конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Владата нема план.  Владата на СДС дури ги укина и корисните мерки кои ги имаше воведено претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од опозицијата.
Тие бараат одговоронст од новата Влада и градоначалиците, за како што велат, не превземање ништо околу намалување на загаденоста на воздухот, поради која секој ден се губат човечки животи.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели