ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните добија криминал, престрелки и убиства

СДС ветуваше живот, а граѓаните добија криминал, престрелки и убиства. Се надминува и периодот на матната и криминална транзиција во деведесеттите, а Скопје личи на дивиот запад. Криминалците остануваат неказнети и заштитени, реагира опозицијата по вчерашните престрелки во Чаир, каде едно лице го загуби животот, а едно се здоби со тешки повреди.
„Вчера се случија нови престрелки и нови ранети и убиени и тоа во населено место среде градот Скопје. На ова му претходеше брутално убиство на младиот Мартин Јанушев чиј вистински убиец уште со сигурност не е утврден, а истрагата се води заштитнички спрема одредени кругови затоа што познато е дека се вмешани луѓе од власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата обвини дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги штител криминалците, и оцени дека власта покажува неспособност да се справи со актуелните случувања.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели