ВМРО-ДПМНЕ: 15 луѓе од Велес се избркани од работа

15 вработени во општина Велес се избркани од работа, а 24 вработени во општина Македонски Брод се прераспределени на пониски работни позиции, меѓу кои и бремена жена во 7-ми месец којашто е испратена да чисти улици на температури под нулата, изјави Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.
„Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, отпушти и им го прекина договорот на 15 стручни лица од општина Велес, само затоа што не биле вработени од страна на Социјалдемократскиот сојуз и не поседуваат партиска книшка од Социјалдемократскиот сојуз. Градоначалникот на Македонски Брод, Живко Силјаноски, прераспределил 24 лица од општината директно во комуналното претпријатие. Помеѓу нив е и млада бремена жена, која е во 7ми месец од бременоста, од хигиеничарка прераспределена е да чисти улици 8 часа дневно на температури околу 0 степени“, рече Колариќ и обвини дека социјалдемократскиот сојуз ја ставала партиската агенда пред здравјето на бремената жена и бебето кое треба да се роди.
Опозицијата бара, жената да да биде вратена на позиција на која нема да биде загрозено нејзиното здравје.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели