Властите во Истанбул забранија одржување на филмски фестивал со хомосексуални теми

Истанбулските власти го забранија еднодневниот филмски фестивал на којшто требаше да бидат емитувани кратки геј филмови, објавија светските агенции.
Градскиот совет образложи дека настанот претставувал закана за јавниот ред.
Фестивалот беше организиран од Здружението за солидарност со ЛГБТ општеството, со поддршка на Британскиот конзулат.
Претходно, властите во Анкара ги забранија сите културни настани поврзани со хомосексуалните прашања.
 
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели