Владите на Косово и Албанија на заедничка седница

Владите на Албанија и Косово во понеделник ќе одржат заедничка седница во рамки на одбележувањето на 28 ноември, Денот на независноста на Албанија и Денот на албанското национално знаме.
Седницата ќе се одржи во Валона и таму ќе бидат потпишани четири договори, но не е прецизирано за какви спогодби станува збор.
Според планираната агенда, седницата треба да започне пред „Куќата на знамето“, каде што на 28 ноевмри 1912 година е прогласена независноста на Албанија со поставување на националното знаме.
По седницата е закажана заедничка прес-конференција на Еди Рама и Рамуш Харадинај.
Ова е четврта заедничка средба на владите на Албанија и Косово.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели