Владата ќе потроши 56 илјади евра на Агенција за привремени вработувања

За сумa од  3 милиони и 443 илјади евра, или приближно 56 илјади евра без ДДВ, Службата за општи и заеднички работи објави оглас за ангажирање Агенција за привремени вработувања. Во тендерската документација објавена на „Е-набавки“ пишува дека оваа владина служба преку Агенцијата за привремени вработувања треба да ангажира привремени работници за замена, да го покрие, според потребите, зголемениот обем на работа и сл. Критериум за доделување на договорот е најниската цена, а периодот на кој се однесува набавката е една година.
Од Владата за „Макфакс“ потврдуваат дека станува збор за ангажман на Агенција за привремени вработувања за потребата на Службата за општи и заеднички работи, но велат дека тоа е за законско покритие за веќе ангажирани работници на кои им престанал претходниот ангажман во оваа владина служба.
В. М.

Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели