Владата ја укина царината за увоз на литиумски акумулатори

Се укинува царината за литиум јонски акумулатори. Точката помина на денешната 36 седница на Владата. Со неа се предвидува со производите кои ќе бидат увезени без царина да не може да се тргува на домашниот пазар туку да ги користат само производителите.
Истата точка требаше да помине во септември, ама тогаш беше повлечена од страна на предлагачот, Министерството за економија без посебно  образложение.
Во септемрви во владиниот предлог стоеше дека ако се укинат давачките за електрични акумулатори, тогаш ќе се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија за производство на моторни возила за специјална намена – чистење на улици и патишта со електричен погон. Покрај заинтересираниот полски инветситор, во моментов од ваквата мерка полза би имала и компанијата на вицепремиерот Анѓушев, „Брако“.  Според Владата во овој случај нема конфликт на интереси.
Освен домашните компании, мерката се воведува на барање на полска компанија која е заинтересирана да инветсира во земјава и бара укинување на оваа давачка за да има помали трошоци во работењето.
 
Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Владата ја укина царината за увоз на литиумски акумулатори Категорија: МакедонијаНовинар: Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели