Владата го усвои заклучокот за годишниот извештај на народниот правобранител

Владата го усвои заклучокот во врска со Годишниот извештај на народниот правобранител, Иџет Мемети за состојбата со човековите права во Македонија во 2016 година кој е доставен до Собранието.
Во заклучокот Владата на РМ се обврзува посветено да работи на унапредување на состојбите со човековите права во интерес на сите граѓани на Република Македонија и по доставените препораки од Народниот правобранител, Владата ќе преземе активности за нивно спроведување согласно Законот за Народен правобранител на Република Македонија.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели