Владата го укина „Денот на дрвото“

На денешната седница Владата донесе одлука за престанок на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ и го задолжи ЈП Македонски шуми да достави сеопфатна информација за ефектите и резултатите од оваа акција.
Идните активности за пошумување ќе се реализираат со одобрена предлог програма за проширена репродукција на шумите на Македонски шуми.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели