Владата бара техничко решение за спроведување на мерката поврат на 15 отсто од ДДВ за граѓаните

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, се сретнаа со директорот на компанијата ЗТЕ за Југоисточна Европа, Линг Жи.
Претставниците на ЗТЕ го претставија концептот на смарт картичка која  поседува можност, покрај даночните податоци да интегрира и други податоци, како што се податоци од здравствената евиденција, но и други трансакции и податоци важни за секој граѓанин кои ќе бидат складирани на оваа смарт картичка. Овој концепт е применлив за спроведување на мерката поврат на 15% од ДДВ за граѓаните, мерка што Владата на Република Македонија планира да ја спроведе како пилот-проект во два региона од јуни наредната година.
Премиерот Заев ја охрабри разработката на концептот како добра можност да се обезбеди сигурен и безбеден систем кој ќе овозможува по 15% од ДДВ да се враќаат во семејните буџети на сите граѓани на Република Македонија.
На средбата се разговараше и за економските политики и мерките од Планот за економски раст кои беа оценети како нов позитивен импулс за развој на домашната економија. 
На самиот крај на средбата беше заклучено дека се создадени потребните услови кои гарантираат стабилна и предвидлива бизнис-клима, што претставува значаен поттик за зголемениот интерес за инвестирање во Република Македонија.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели