(Видео) ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: На 1 јануари без работа останаа 270 луѓе

Со доаѓањето на Новата година, т.е. од првиот ден во неа, без работа во Прилеп останаа околу 270 луѓе, претходно вработени во училиштата, јавните претпријатија, градинките, болницата итн, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

„Денес ќе се задржиме само на политичките притисоци, закани и реваншизам кои Јованоски и Заев ги прават во образованието. На ниво на општина во моментов има околу 120 вработени во образование на кои им се прекинати договорите за работа. 20 од нив се со исполнети услови за трансформација. Сите кои тужат заради тоа што ново назначените директори не постапуваат по закон,од истите тие директори имаат добиено изјави дека нивните работни места не се од траен карактер“, велат од партијата.
Од таму тврдат дека постои голема дискриминација при полагањето на тестот за познавање на мајчиниот јазик бидејќи сите директори ги имаат тестовите и тие тестови се даваат на кандидатите со политичко CV од СДС.
„Интервентните договори на вработените се потпишани уште за еден месец со што се крши законот бидејки само еднаш во образование треба да се потпиши интервентен договор во траење од еден месец. Овде, сакаме да реагираме и за 19-те вработени во градинките во Прилеп кои останаа на улица, особено имајќи ја во предвид изјавата од вчера на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која кажува дека во петокот ги потпишала согласностите за продолжување на договорите, па и самата таа се прашува зошто договорите не им се продолжени?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели