ВИДЕО: Црногорка, мајка на две деца, депортирана од САД по 30 години живеење таму

Педесетгодишна црногорка била депортирана по 30 години живот во САД поради различни изјави со нејзиниот сопруг за тоа каде се запознале, дадени пред 16 години.

Захрија Пуровиќ изјавила дека со нејзиниот сопртуг се запознале во Америка, додека нејзиниот сопртуг изјави дека се венчале пред да стигнат во САД.
Во САД, Захрија дошла кога имала 19 години и таму оформила семејство, а после цели 30 години се враќа во Црна Гора.
Медиумите наведуваат дека таа има здравствени проблеми со кичмата и дека веќе некое време оди на физикална терапија во Мичиген.
– Се плашам за својата здравствена состојба. Грижата за пациентите во Црна Гора е лоша, се плашам дека нема да имам адекватна здравствена услуга, рекла Захрија.

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели