ВИДЕО: Трамп во Јапонија се фотографирал со пејачот на „Pen-pineapple-apple-pen“

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на неговата посета во Јапонија се фотографирал со необичната музичка ѕвезда Пикотаро.

Пикотаро стана светски познат со неговиот вирален хит „Pen-pineapple-apple-pen“, а заедничко помеѓу него и Трамп е љубовта кон златната боја.
Јапонскиот пејач бил воодушевен што се нашол во друштво на претседателот на САД и фотографиите ги споделил на интернет.
Ќерката на Доналд Трамп, Иванка и неговата внука Арабела се фанови на хитот на Пикотаро, бидејќи претходно имаа објавено видео како заеднички го пеат.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели