(Видео) Спасовски имаше обраќање на конференцијата „Пристап до правда за ЛГБТ заедницата“

Полицијата има јасно дефинирани надлежности и обврски и во нејзиното функционирање нема ниту ќе има место за поделби по основа на сексуална ориентација, раса или вера, рече министерот Оливер Спасовски во обраќањето на меѓународната конференција „Пристап до правда за ЛГБТ заедницата“ што се одржува во Скопје.

„Годинава не се евидентирани случаи на кривични дела мотивирани од дискриминација по основ на сексуална ориентација, но тоа не беше случај во блиското минато“, рече министерот Спасовски.
Тој потенцира дека во МВР се спроведуваат континуирани обуки на професионалци кои се во контакт со жртвите, а на високо ниво е и соработката со невладините организации.
„Заедно со државата, исто така, е важно секој поединец да ги преиспита стереотипите и дискриминацијата по било која основа, вклучително и сексуалната ориентација на жртвите“, рече министерот Спасовски.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели