(Видео) Шведски политичар: Муслиманите не се 100 проценти луѓе

Мартин Штрид од Шведската демократска партија (СД) предизвика бура од реакции во таа земја велејќи дека муслиманите не се целосно луѓе, објави РТ.
Стрид на националната партиска конференција рече дека постои скала на хуманост од 1 до 100, но дека муслиманите не се 100 проценти луѓе.
„На едниот крај на скалата вие сте 100 отсто луѓе, а од другата вие сте 100 отсто Мухамеданци. Сите муслимани се некаде на таа скала. Ако сте поранешен муслиман, сте преминале голем дел од патот за да станете целосно човек“, рече Стрид.
Покрај тоа, тој рече дека сака да ги ослободи муслиманите од исламот и дека борците на Исламската држава биле 100% Мухамеданци.
Неговиот говор беше снимен од шведската телевизија СВД, а потоа заврши на интернет. РТ посочува дека говорот на шведскиот политичар се нашол и на фејсбук-групата „Јас не сум расист, но…“
Инаку партијата СД брзо се дистанцираше од коментарите на Стрид, а високи партиски функционери го означија говорот како расистички и најавија дека Стрид ќе биде избркан од партијата.
„Можеби тоа е најлошиот коментар што сум го слушнал во тој контекст“, рече лидерот на партијата Џими Окесон.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели