(Видео) Штип: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ со маички „И јас сум терорист“ ја бојкотираа седницата

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата од Штип денеска ја бојкотираше седницата на Советот на општината. Советниците се појавија со маички на кои пишуваше „И јас сум терорист“.
„Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во знак на протест за бесправно затворените пратеници и останати граѓани кои си ја сакаат државата демонстративно ја напуштија седницита на Советот на Општина Штип“, соопштија советниците.
Со маички „И јас сум терорист“, советниците скандираа „Македонија, Македонија“.

Денеска и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Гевгелија ја напушти седницата на Советот во знак на поддршка на притворените за настаните од 27 април.

Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели