ВИДЕО: Седумнаесет луѓе загинаа, а милиони се погодени од невремето во САД

Повеќе милиони луѓе се погодени со таканаречениот циклон-бомба, кој донесе силни ветришта и обилни врнежи од снег на североистокот на САД, каде што досега загинаа 17 луѓе.

Патиштата во американската сојузна држава Масачусетс се непроодни, а повеќе од 13 милиони луѓе од Вирџинија до Мејн се загрозени од невремето.

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, рекол дека ситуацијата се влошува. Повеќе од 3.000 лета се откажани поради снегот што ги покри Њујорк и Њу Ингланд. Во Бостон се очекува и до 45 сантиметри снежна покривка, а во Њујорк 30-ина сантиметри.

Се очекува дека циклонот-бомба ќе продолжи на истокот на Северна Америка и во текот на викендов. Би-би-си наведува дека 60 милиони луѓе се на патот на циклонот.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели