ВИДЕО: Пожар во кулата Трамп во Њујорк

Пожар избувна на еден од последните катови на Кулата Трамп во Њујорк, објавија американските медиуми. Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат огнот. Медиумите објавуваат различни информации – според едни две лица се повредени во пожарот, а според други нема ниту повредени, ниту жртви во огнената стихија. Во моментот кога избувнал пожарот Трамп не бил во зградата.

Њујоршката противпожарна бригада објави дека во прашање е „помал пожар“ за кој се верува дека е предизвикан од дефект на инсталацијата. Пожарот избувнал на покривот на зградата која е приватна резиденција во Њујорк на американскиот претседател Доналд Трамп и неговото семејство.

Седиштето на бизнис империјата на американскиот претседател Доналд Трамп е облакодер од 58 ката во центарот на Менхетн. Покрај луксузни станови во Кулата Трамп во Њујорк голем број компании имаат свои седишта.

Претседателот на САД Доналд Трамп за време на пожарот бил во Вашингтон.

 

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели