(Видео) Милевски: Инвеститорот на рудниците да се избрка од Македонија

Пратеникот Горан Милевски од протестот пред Влада порача дека тој дошол во својство на граѓанин кој смета дека треба да се стопира одлуката за изградба на рудници на Југоистокот. Категоричен е дека здравјето на луѓето е поважно е од профитот.
-Не може секој белосветкси криминалец да дојде во Македонија и да го нарушува здравјето на граѓаните за личен профит. Независно дали сме опозиција или власт, јас сметам дека ова треба да се стопира и сопствениците на Казандол да се набркаат од Македонија, изјави Милевски.

Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели