(Видео) ФРОДЕМ и Иницијаторите за реформи на ВМРО-ДПМНЕ се обединија

Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ) на Јове Кекеновски и Иницијативата за реформи на ВМРО-ДПМНЕ се обединија.
На заедничка прес-конференција денеска тие ги повикаа останатите десничарски асоцијации, партии и движења да им се приклучат за да ја извлечат партијата, како што велат, од кризата во која се наоѓа.

ФРОДЕМ и „реформаторите“ соопштија дека е формирано заедничко тело чиј претседател е Љупчо Алексовски од ФРОДЕМ.
Тој рече дека стојат зад барањата на „реформаторите“, а тоа се нов статус, избор на демократски лидер и органи на партијата. Во однос на вонредниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, што треба да се случи на 23 декември, рекоа дека на 17 декември ќе ја информираат јавноста како ќе делуваат.
Г.Д.М.
 
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели