(ВИДЕО) Димитриевски: СДС со зголемување на акцизата на дизелот удира по земјоделците

„СДС едно ветува пред избори друго работи кога е на власт. СДС ги излажа земјоделците пред изборите ветувајќи им 160 милиони евра за субвенции годишно, а сега со предлог буџетот за 2018 година се издвојуваат само 136 милиони, тоа се цели 24 милиони евра помалку за земјоделците.
Земјоделците се изманипулирани и излажани. СДС си поигра со маката на земјоделеците и им скрати цели 24 милиони евра, пари кои за нив се неопходни.

Кога имаме кратење наместо пораст, се поставуваат неколку прашања:
Како ќе се исполнат ветувањата за нови мерки, меѓу кои толку многу промовираната мерка за зелена нафта, која патем речено ја нема;
Како ќе се обезбедат дополнителни финансии за зголемување на земјоделските површини и основното стадо, како и зголемување за 20% над основните субвенции за регистрираните сточари;
Од кои средства ќе се зголеми финансиската поддршка за земјоделците на возраст до 35 години;
Од каде ќе се обезбеди финансиска поддршка за каматите за кредити подигнати од комерцијалните банки наменети за инвестиции од ИПАРД програмите;
Со кои средства ќе се формира т.н. „интервентен фонд“, а запишан во програмата на владата;
И уште многу други ветувања за нови мерки и зголемени и дополнителни субвенции кои беа ветувани, кои се запишани во програмата на владата, но и многуте ветувања кои ги даваше СДС по кампањите. Или сите тие беа само со една цел – предизборна манипулација сограѓаните гласачи земјоделци.
СДС ги излажа земјоделците и им даде лажни и неостварливи ветувања, а со ваквиот буџет ќе се остварат најавите на премиерот дека поддршка ќе добијат само оние земјоделци кои ќе остварат за 10 проценти повисок принос во однос на претходниот година. И најголемиот дел од ситните и најранливи земјоделци нема да можат да добиваат субвенции.
Ваквиот буџет, како и со него комбинираната мерка за зголемување на акцизата на дизелот, со што истиот ќе поскапи за повеќе од 3,5 денари, ќе значи дека доаѓаат тешки денови за земјоделците. Земјоделците највеќе ќе го почувствуваат ваквиот неодговорен однос на владата“, изјави Драги Димитриевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели