(ВИДЕО) Бошкоски: Нема запирање додека не се тргне секој коров од бившиот режим

Свесни дека Македонија мора да биде исправена и ослободена од какво било заложништво, особено од некои политичка водства, време е да ставиме крај на македонските дележи и неправди. Дајте да ја градиме Македонија на здрави и цврсти темели, зад нас да ги оставиме политичките маргиналци кои не убедуваат дека не знаеме што работат, рече Љубе Бошкоски на отворањето на новиот штаб во центарот на Скопје, а по повод седум години од седмоноемврискиот бунт.
-Нашиот бунт против овој закоравен бивш режим нема да престане додека не го трнеме секој коров кој го посееја во Република Македонија. Ние како Обединети за Македонија дадовме поддршка на Зоран Заев, му дадовме поддршка зошто проценивме дека тој има сила да ги сруши Груевски и фамилијата, и зошто сметаме дека не е време да се докажуваме кој е лево, кој е десно или во центарот, рече Бошкоски.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели