Виаграта била создадена за срцеви проблеми: Чудни факти кои ќе мислите дека се лажни

Има многу работи со кои секојдневно се соочувате за кои мислиме дека се лажни без разлика за што станува збор.

indiskite-domakjinstva-poseduvaat-11-procenti-od-zlatoto-vo-svetot-chudni-fakti-koi-kje-mislite-deka-se-lazhni-01.jpg

Понекогаш, колку и да постојат докази за нешто, едноставно е неверојатно да биде вистина.

Па, така е и со овие факти. Тие се толку многу чудни, што ќе ви биде тешко да поверувате во нив, но сепак се вистинити.

Дознајте кои се тие:

Виаграта била оригинално тестирана за срцеви проблеми

Модерната употреба на виаграта била откриена случајно. Првично, научниците барале лек кој ќе ги опушта крвните садови. Но, се појавил „несакан ефект“ од лекот, што довело до тоа виаграта денес да биде користена за друга намена.

indiskite-domakjinstva-poseduvaat-11-procenti-od-zlatoto-vo-svetot-chudni-fakti-koi-kje-mislite-deka-se-lazhni-02 - Copy.jpg

9 од 10 луѓе патат од синдромот „фантомско вибрирање“

Овој синдром е состојба во која човекот, најчесто кога е под стрес, чувствува дека телефонот му ѕвони или вибрира. Интересно, овој феномен бил предвиден уште во 1996-та година во комичниот стрип Dilbert, но бил поврзан со пејџери.

indiskite-domakjinstva-poseduvaat-11-procenti-od-zlatoto-vo-svetot-chudni-fakti-koi-kje-mislite-deka-se-lazhni-03.jpg

Автоматите (за храна и пијалаци) убиваат повеќе луѓе од ајкулите

Статистички, автоматите при пад предизвикуваат 2 смртни случаи на годишно ниво. А, нападите на ајкулите се поретки од еднаш годишно. Уште еден факт – паѓањето на кокосот исто така предизвикува повеќе смртни случаи од ајкула.

indiskite-domakjinstva-poseduvaat-11-procenti-od-zlatoto-vo-svetot-chudni-fakti-koi-kje-mislite-deka-se-lazhni-04.jpg

Индиските домаќинства поседуваат 11% од златото во светот

Носењето златен накит е дел од индиската култура, па земјата е најголем потрошувач на златото. Индиските домаќинства поседуваат околу 18.000 тони злато, што е повеќе од резервите на САД, Швајцарија, и Германија, заедно.

indiskite-domakjinstva-poseduvaat-11-procenti-od-zlatoto-vo-svetot-chudni-fakti-koi-kje-mislite-deka-se-lazhni-05.jpg

Во Кина, потребна е дозвола од владата за реинкарнација

Ако некој сака да се реинкарнира, мора да поднесе апликации во владата и може да ги оствари плановите само по нивно одобрување.

indiskite-domakjinstva-poseduvaat-11-procenti-od-zlatoto-vo-svetot-chudni-fakti-koi-kje-mislite-deka-se-lazhni-06.jpg

Универзитетот Оксфорд е постар од империјата на Ацтеките

Теночтитлан, главниот град на Ацтеките, бил изграден околу 1325-та година. Универзитетот Оксфорд нема точна година на создавање, но предавањата постојат од 1096 година.

indiskite-domakjinstva-poseduvaat-11-procenti-od-zlatoto-vo-svetot-chudni-fakti-koi-kje-mislite-deka-se-lazhni-07.jpg

Кога се срамиме, стомакот се вцрвенува

Срамот предизвикува нашето тело интензивно да лачи адреналин, а овој хормон ја активира циркулацијата на крвта и како резултат на тоа, не само лицето, туку и линијата околу стомакот станува црвена.

indiskite-domakjinstva-poseduvaat-11-procenti-od-zlatoto-vo-svetot-chudni-fakti-koi-kje-mislite-deka-se-lazhni-08.jpg

Делот околу белите дробови е еднаков на просторија од 75 метри квадратни

Алвеолите, кои се наоѓаат во белите дробови се многу тенки воздушни кеси. Нивниот број достигнува до 300 милиони во секое белодробно крило. Ако замислите дека е возможно да се испушти воздухот од нив и да се рашири нивното ткиво, тие ќе покријат површина од 75м².

indiskite-domakjinstva-poseduvaat-11-procenti-od-zlatoto-vo-svetot-chudni-fakti-koi-kje-mislite-deka-se-lazhni-09.jpg

Отпечатоците од прстите на коала се исти како отпечатоците на луѓето

Разликата помеѓу отпечатоците на коала и на луѓе е тешко да се забележи дури и со помош на микроскоп.

indiskite-domakjinstva-poseduvaat-11-procenti-od-zlatoto-vo-svetot-chudni-fakti-koi-kje-mislite-deka-se-lazhni-10.jpg

Полжавот има повеќе заби од ајкула

Зависно од видот, ајкулите може да имаат од 180-400 заби. Но, обичен полжав има јазиковидна радула, а на неа може да има околу 12.000-20.000 заби наредени во редови.

indiskite-domakjinstva-poseduvaat-11-procenti-od-zlatoto-vo-svetot-chudni-fakti-koi-kje-mislite-deka-se-lazhni-11.jpg

Луѓето може да имаат црвени очи

Луѓето и животните со албинизам не лачат доволно меланин, што резултира со малку пигмент во косата, очите и кожата. Според типот на албинизам, може да се забележат крвните садови од позадината на окото и тоа да предизвика очите да изгледаат црвенкасто.

indiskite-domakjinstva-poseduvaat-11-procenti-od-zlatoto-vo-svetot-chudni-fakti-koi-kje-mislite-deka-se-lazhni-12.jpg

Жените чувствуваат поголема болка

Жените имаат повеќе нервни рецептори, па поради тоа тие искусуваат посилна болка, за разлика од мажите.

indiskite-domakjinstva-poseduvaat-11-procenti-od-zlatoto-vo-svetot-chudni-fakti-koi-kje-mislite-deka-se-lazhni-13.jpg

Извор – http://www.crnobelo.com/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели