Утре без струја делови на Ѓорче, Илинден, Карпош, Студеничани и Бутел

Без електрична енергија утре ќе останат делови на општините Ѓорче Петров, Илинден, Карпош, Студеничани и Бутел поради изведување на технички зафати во мрежата.
Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија соопшти дека утре од 08:30 до 10:30 часот без струја ќе биде населбата Кисела јабука, подулиците 20 и 22 – Црквиште, а од 08:45 до 15 часот „Макпетрол“, „Мулти пром“, фармата „Прима“, Колид, Чукур, Јурумлери и пумпите Бунарџик во општина Илинден.
Од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе останат жителите од улицата „6“ во селото Бардовци и околу црквата и гробиштата во општина Карпош, а од 9 до 13 часот улиците 1, 6, и 7 во селото Батинци.
Без струја ќе бидат и жителите од селото Кучково, рудник „Радуша“, село Гражани, викенд населбата „Веле Поле“, селото Кондово, Караулата Ќашка, викендичките во Кучково во периодот од 9 до 13 часот.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели