Ураганот Ирма ја погоди Куба, изутрина се очекува на Флорида

epa06186883 A handout photo made available by NASA shows a visible light image of Hurricane Irma captured by NOAA's GOES East satellite as it strengthened to a Category 5 hurricane in the Central Atlantic Ocean, 05 September 2017. According to the National Hurricane Center (NHC), Irma is forecast to remain a powerful category 4 or 5 hurricane during the next couple of days, with hurricane warning in place for Antigua, Barbuda, Anguilla, Montserrat, St. Kitts, Nevis, Saba, St. Eustatius, Sint Maarten, Saint Martin, Saint Barthelemy, British Virgin Islands, US Virgin Islands, Puerto Rico, Vieques, and Culebra, Dominican Republic from Cabo Engano to the northern border with Haiti. EPA-EFE/NASA/NOAA GOES Project HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Хавана, 10 септември 2017 (МИА) – Ураганот Ирма корнеше дрвја и уриваше покриви на Куба со брзина на ветрови од 200 километри часа, кои уништија хотели во најпознатите летувалишта на островот и предизвикаа евакуација долж брегот па се до околината на главниот град Хавана.

Се наведува дека во многу области на Куба била исклучена електричната енергија и комуникациските врски биле во прекин.

Метеоролозите прогнозираат дека Ирма рано изутринава ќе го погоди јужниот брег на Флорида, каде седум милиони луѓе од околу 21 милион жители на таа американска сојузна држава биле повикани да се евакуираат.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди вечерва сите луѓе „да се тргнат од патот“ на ураганот Ирма и да не се грижат за своите имоти, бидејќи „предметите се заменливи, а животите не се“.

– Безбедноста е на прво место, порача Трамп.

Тој истакна дека САД се подготвени колку што е можно за таква монструозна бура, каква што е Ирма. гт/02:02

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели