Ураганот Хосе се повлекува од опустошените Заветрени Острови

Париз, 10 септември 2017 (МИА) – Ураганот Хосе се повелкува од Заветрените Острови и се очекува денеска и утре да ослабнува. Хосе се движеше со брзина на ветерот од 135 киломатри на час.

Според францускиот Метеоролошки завод, Сен Мартин и Сен Бартис се разурнати откако преку нивна територија помина ураганот Ирма, а потоа ураганот Хосе.

Хосе помина на околу 135 километри северно од Сен Бартис и 125 километри од Сен Мартин, чии 95 отсто од териториите веќе претходно беа уништени од ураганот Ирма.

Заветрените Острови се наоѓаат во северниот дел од Мали Антили, група острови помеѓи Карипско Море и Атлантски Океан. ми/10:32

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели