Улично куче упаднало на свадба и заспало на превезот на невестата, младенците веднаш го вдомиле

Непоканет гостин изненади брачен пар во Бразил и набрзо по првата средба, стана дел од новото семејство. Бездомно куче упадна на свадбата на Марилија и Матеус и го освои срцето на невестата, а реакцијата на парот го одушеви светот.

СнупСнуп

Свадбениот ден на Марилија и Матеус не започнал според планираното. Најпрво, неочекуваната бура ги расипала нивните планови свадбената церемонија да биде одржана на отворено и младите морале да се венчаат во шатор. Штом младенците и гостите преминале во шаторот, однадвор втрчало улично куче исплашено од силниот дожд.

Снуп

Луѓето се обиделе да го избркаат за да не ја прекине церемонијата, но само што започнал свадбениот марш и Марилија тргнала кон олтарот, непоканетиот гостин повторно се вратил во шаторот.

Снуп

Наврнатото куче било уште еднаш избркано надвор, но кога младенците ги кажувале своите завети, скитникот се вратил по третпат и легнал врз долгиот вел на невестата. Иако шепите му биле калливи, а крзното влажно, Марилија решила да го прифати новодојдениот гостин. „Кучето влезе, легна и заспа на мојот вел. Тоа беше пријатно изненадување за мене бидејќи многу ги сакам животните“ – вели Марилија.

СнупСнупСнуп

Кучето било набрзо прифатено од сите гости и го добило името Снуп. Наскоро, ветрот и дождот прекинале, но на Снуп му било дозволено да остане. Сепак, во текот на вечерта, тој исчезнал. Откако свадбата завршила, Марилија и Матеус ја донеле првата заедничка одлука како сопружници и решиле да го пронајдат Снуп.

СнупСнуп

„Решивме да го посвоиме бидејќи тој беше улично куче. Ни требаше долго време за да го пронајдеме, но вчера ни се јавија и ни кажаа каде бил виден. Си дојдовме дома и јас го искапив. Си играше многу, јадеше, пиеше вода. Беше многу среќен и спиеше добро првата ноќ. Сите сме многу среќни“ – раскажала Марилија.

СнупСнупСнупСнупСнуп

Извор – http://www.femina.mk/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели