Турската армија елиминира 99 курдски екстремисти

Анкара, 9 септември 2017 (МИА) – Турските безбедносни сили убија 99 курдски екстремисти, вклучително и еден од висок ранг, во текот на претходните две недели во јужниот дел на Турција, соопшти денеска турската армија.

Цел на акцијата на турските безбедносни сили беа засолништата на курдските екстремисти во јужните турски провинции Ширинак и Хакари, во близина на границата со Иран.

Турција, која има бројна курдска популација, се бори против курдските бунтовници и е против формирање на независна курдска држава. ми/15:57

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели