Циклонот „Бомба“ однесе 17 жртви низ САД

Околу 60 милиони луѓе се погодени од таканаречениот „Циклон бомба“, кој донесе силни ветрови и обилни снежни врнежи на североистокот на САД. Бројот на загинати се искачи на 17, а поголемиот број од нив се бездомници. Откажани се повеќе од 3000 авионски летови. Во Њујорк паднаа 30 сантиметри снег, а во Бостон 45. Бурата во околината на Бостон била пропратена со бранови кои предизвикале „ретко видена поплава“.Екстремните временски услови донесоа  снег и во Флорида, првпат по неколку децении.Гувернерите на Флорида, на Џорџија и на Вирџинија прогласија вонредна состојба и ги предупредија граѓаните да не излегуваат од домовите.Се очекува циклонот да трае и за време на викендот.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели