Царинската испостава Штип со ново продолжено работно време

Царинската управа на Република Македонија заради олеснување на работата на текстилните фабрики и на сите учесници во царинската постапка од 13.11.2017 година воведува ново продолжено работно време, како и можност за царинење во сабота во царинската испостава Штип.
За потребите на контрола на спроведување на поедноставените постапки и извозно царинење, работното време ќе биде од понеделник до петок, од 08:00 до 20:00 часот и сабота од 10:00 часот до 22:00 часот.
Новото работно време е резултат на взаемната соработка на Царинската управа со Стопанските комори и со Текстилниот кластер – Македонија и треба да обезбеди значителни финански заштеди за текстилните компании.

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели